нпп / почетна
 
Лоцирани на обиколницата на
Скопје (излез с. Мирковци),
на еднакво растојание од Цен-
тар, Автокоманда и Ѓорче Пет-
ров, ФОРМИНГ станува синоним
во областа на производството, продажбата и монтажата на елементи за сува градба.
 

Адреса: Кучевишка бара (до обиколница), Скопје

Моб: (075) 224 562
Тел: (02) 5210 125
Факс: (02) 3133202

E-mail: info@forming.mk
Web: forming.mk
Составивме попис на најчесто поставувани прашања со соодветни одговори. Ако покрај наведените имате додатни прашања Ве молиме да ни се обратите по телефон, факс или e-mail.

Што е гипсот?

Гипсот е природен камен кој, кога сомелен во прав се загрева, губи најголем дел од влажноста. Кога ќе се помеша со вода формира тесто или т.н. ретка смеса која се стврднува.




Ова обично откритие го прави гипсот еден од најкорисните и најупотребуваните градежни материјали и создава основа за огромна индустрија за производство на многу градежни производи Чистиот гипс е бел камен но нечистотиите можат да го обојат сив, кафеав или розев. Неговото научно име е калциум сулфат дихидрат или хидро калциум сулфат и е составен од 70.1% калциум сулфат и 20.9% вода по тежина. Една молекула на калциум сулфат е комбинирана со два молекула на вода, хемиската формула е:

CaSO4 х 2H2O

Ако парче од гипсот се сомеле во прав и се загрее, ќе изгуби околу три четвртини од својата вода. Ако овој прав потоа се помеша со вода, тестото ќе се стврдне. Она што се случува е следното, хемиски комбинираната вода, која претходно била отстранета, се рекомбинира и материјата се враќа во оригиналниот состав на карпата.

Правот се нарекува хеми-хидрат гипсен малтер. Најчестата форма под која може да се најде е Гипс од Париз кој така се нарекува бидејќи градот Париз бил изграден на земја богата со гипс. Овој гипс потоа бил ваден или копан, посебно во областа Монмартр.


Кога почнал да се употребува гипсот во градежништвото?

Пред шест илјади години Египќаните направиле малтер од гипс. Илјада и петстотини години подоцна тие го користеле гипсениот малтер за покривање на внатрешните ѕидови од пирамидите. На мазната бела површина нивните уметници сликале величествените фрески - слики на војници, триумфални коли, богови, животни и птици.
Старите цивилизации исто така користеле еден вид на гипс кој ние го нарекуваме алабастер. Големите крилести бикови на Асирија кои можат да се видат во Британскиот Музеј се направени од ваков камен. Грците го измислиле зборот 'алабастрос' од Египетскиот град Алабастрон, каде што малите садови и лонци се правеле од гипс.
Исто така Грците му го дале името на гипсот, користејќи два збора со значење 'земја' и 'готвење'. Тие користеле посебни форми на проѕирен гипс за прозорци, посебно за храмовите посветени на божицата на месечината, Селена, и оттаму, традиционално, и името селенит или 'месечев камен'.
Римјаните знаеле за гипсот и го користеле за време на нивната окупација на Британија како што можеме да видиме од телата сочувани во гипсен малтер во Јорк. Англо-Саксонците и Норманите заборавиле на гипсот и за него не се слушнало повторно додека гипсот од Париз не бил донесен од Франција во тринаесетиот век.


Што е Rigips импрегнирана плоча?

Rigips импрегнирана плоча е гипскартонска плоча наменета за влажни простории: купатила, кујни и сл. Се одликува со смаленото впивање на влага, што се должи на длабинската импрегнација на гипсеното јадро и импрегнираниот картон.


Која дебелина на поцинкуван лим се користи за производство на профилите?

Според стандардот EN 14195 кој што ние го применуваме во производтсвото на профили за подконструкција за гипс картонски плочи, го користиме поцинкуваниот лим произведен според стандардот EN 10326, EN 10327 со дебелина од 0,58 мм. Во одредени случаи може да бидат произведени UD и UW профилите со дебелина од 0,55мм, а CD и CW профилите со дебелина на лимот од 0,6 мм.


Каков вид на контрола имате во производството?

Во нашиот производствен капацитет се применува FPC (Factory production control-Контрола на производството во фабриката), систем за контрола со кој можеме да потврдуваме дека произведените производи ги имаат бараните карактеристики според стандардот EN 14195 за профили чија примена е во сувата градба.


Која бандажна лента се користи при обработка на споевите со Fugenfüller?

Дозволено е користење на хартиена, мрежаста или бандажна лента од стаклени влакна. Предност на хартиената бандажна лента е едноставното и сигурно надолжно свиткување за обработка на внатрешните и надворешните агли на споевите на Ригипс плочи. Мрежестата лента е најчесто користена и најпрактична бандажна лента. При тоа треба да се внимава споевите на плочите да бидат целосно исполнети со материјал за фугирање. Бандажната лента од стаклени влакна се користи кај противпожарни решенија. Аголна алуминиумска лајсна се користи на сите агли кои можат да бидат оштетени со директен контакт. Аголната лајсна се лепи со лепак за гипс картон Рифих, а потоа се поминува и со Фуген филлер.


Како треба да се обработат споевите на Ригипс преграден ѕид со малтерисана ѕидна површина?

Во таква ситуација, како и кај споевите со бетон, дрво или челик не е дозволено бандажирање преку двете површини. Пред монтажата на Ригипс плочите треба на малтерисаната површина да се залепи самолеплива лента на местото кое се допира до плочите. По монтажа на плочите, ивицата на Ригипс плочата се исполнува со пополнувач за фуги- Fugenfüller при што бандажната лента се поставува само на плочата. Делот од самолепливата лента што излегува преку гипскартонската површина треба да се отсече со скалпел.


Дали на веќе малтерисани ѕидови може да се лепат гипсени плочи (суво малтерисување)?

Да, тоа е една од предностите на овој систем на сува градба. Постоечкиот малтер мора да биде носечки, цврст и сув и не смее да се рони. Треба да се исчистат сите оштетени места, набабрувања, стари премази и друга нечистотија од стариот малтер.


Дали може Ригипс плочи да се лепат на тавански косини?

Суво малтерисување – лепење на Ригипс плочи е дозволено само на вертикални површини како што се ѕидовите. Не е дозволено лепење на таван или кровна косина.


Дали може да се изврши нарачка за CD или CW профили да ни произведете на нестандардни димензии?

Да, по нарачка може да се изведе производство на CD и CW профилите на дадени димензии и количини, со што се одбегнува несаканиот отпад, како и побрза монтажа, без продолжување на профилите, која што постапка и не би требало да се применува кај CW профилите. Со напомена дека сето тоа е во договор со нашите служби и во рамките на можностите во дадениот момент.


Дали на Ригипс ѕидовите може да се закачи слика?

Закачување на предмети и товари на Ригипс ѕидовите се врши со типли за шуплив ѕид. Носивоста зависи од видот на типлата и дебелината на гипскартонската облога. На пример: носивост на една PVC типла кај еднослојна облога со Ригипс плоча 12,5мм е 20кг, а кај двослојна облога 2х12,5мм една метална типла носи 50кг.


Дали може Ригипс плочи да се малтерисуваат?

Ригипс во својата програмата нуди низа висококвалитетни минерални готови малтери кои може да се користат на гипсените плочи. За употреба на други малтери треба да се провери упатството на производителот.


Кои плочи се користат за противпожарна заштита на тавани и поткровја?

Ригипс противпожарни плочи од типот F, со дебелина од 12,5 мм: за противпожарна заштита од 30 минути потребна е единечна облога од противпожарни плочи со дебелина од 12,5 мм, а за противпожарна заштита од 60 минути потребна е двојна облога од противпожарни плочи со дебелина од 12,5 мм.


Кој Ригипс ѕид се препорачува за изработка на прегради во стан или куќа?

За прегради во внатрешноста на стан или куќа доволен е Ригипс ѕид со единечна потконструкција, со по една плоча со дебелина од 12,5 мм на секоја страна од ѕидот. Шупливиот простор на ѕидот треба да се исполни со минерална волна со дебелина од 50 мм, доколку конструкцијата е со димензија од 50 мм, или 50 мм минерална волна + 20 мм стиропор за конструкција со димензија од 75 мм, или пак минерална волна 50 мм х 2 парчиња за димензија на конструкцијата од 100 мм. Дебелината на изолациониот материјал во ниеден случај не треба да биде поголема од шуплината на ѕидот. Во одредени случаи, каде што има потреба од поголема звучна и топлинска изолација меѓу просториите во објектот може да се изведат и други системи на преграден ѕид, како на пример со двојна облога од двете страни со гипс картонски плочи итн.


Кое е пропишаното растојание на CW профилите при изработка на преградниот ѕид?

Ѕидните профили се поставуваат во стандарно меѓуосно растојание од 60 см кај плочите со широчина од 120 см. За ѕидови кај кои е предвидено поголемо оптеретување или поголема висина, може да се постават профилите и на растојание од 40 см или 50 см.


Како треба да се изработат преградните ѕидови во купатило?

Можни се две изведби: ѕидните профили се поставуваат на стандарно меѓуосно растојание од 60 см и се обложуваат со два слоја плочи; или еднослојна облога со 12,5 мм плоча при што треба да се намали меѓуосното растојание на профилите на 40 см. За обложување се користат Ригипс импрегнирани плочи, а пред да се залепат керамички плочки површината треба да се премачка со средство за хидроизолација.


Како се монтира лавабо на преградниот ѕид?

За безбедно и сигурно закачување на лавабоа и друга санитарна опрема се користат посебни, фабрички изработени, поцинкувани носачи кои се вградуваат при монтажа на носечките профили.


Дали кај двојната облога на ѕидот мора да се обработат и споевите на плочи од првиот слој на облогата?

Кога има потреба од звучна изолација и противпожарна заштита треба да се исполнат и споевите од првиот слој на плочи.


Кои должини на CD профили се произведуваат?

CD профилите ги произведуваме во различни стандардни должини од 2600 до 4000 мм. Исто така по нарачка може да се произведат профили со точни димензии според објектот, при што се добива во време на монтирање на профилите и припрема за поставување на гипс картонските плочи, како и се одбегнува отпадот за CD профилот.


Колку изнесува најмалото можно растојание помеѓу масивен таван и спуштен таван со метална потконструкција?

При закачување на двојна односно со крстеста челична потконструкција од CD профили 60 х 27 мм со жица и држач за жица-Рихтер потребна е минимална висина од 160 мм. При таванско облагање со директни држачи висината е 50 мм. Дебелината на плочата е предвидена во дадените мерки.


Кога се користи Нониус држач за спуштени тавани на метална потконструкција?


Кога спуштениот таван има поголема тежина или треба да носи тешки лустери, инсталации и сл., како и при заштита од пожар на таванската шуплина. Нониус држачите можат да носат оптеретување од 0,25 кN или 0,4 кN,


До кој радиус можат да се свиткуваат плочите со дебелина од 12,5 мм?

До радиус од 2,75 м овие плочи можат да се виткаат и монтираат со сува постапка. Кај радиуси > 1 м, плочите треба да се навлажнат и свиткаат преку шаблон. Монтажата се изведува откако плочите потполно ќе се исушат.


Како може челичните греди и челичните столбови да се заштитат од пожар?

Едноставно и поволно со Ригипс огноотпорните плочи. Дебелината на облогата и потребниот број на слоеви од плочи зависи од материјалот и примената. Можна е заштита од пожари во времетраење од 30 до 180 минути.


Колкаво подобрување на заштитата од бучава може да се постигне со ѕидна облога поставена на постоечкиот ѕид?

Како мерка за подобрување на звучната заштита се предвудува 12-15 dB. Подобрувањето на заштитата зависи од постоечкиот ѕид како и од начинот на изведба на ѕидната облога. Треба да се води сметка за споредните патишта на пренесување на звукот. Од кои причини би ги користел производите од гипс? На ова прашање има едноставен одговор прикажан во сликите подолу:




Гипсот е природен материјал кој што е во постојана комуникација со околината. Кога има заситеност на воздухот со вода во просторијата, тој ја упива, а потоа повторно се ослободува во околината, кога ќе се намали количеството на влага во околината. На тој начин, всушност гипсот „дише“.





Системот на сува градба е добар звучен изолатор, а исто така има исти можности како и класичната градба, како на пример во оптеретување на ѕидот со висечки елементи.





Со огноотпорните гипс картонски плочи вашето опкружување е побезбедно. Со примена на огноотпорните гипс картон плочи можат да се исполнат сите постоечки стандарди за огноотпорност на објектот.





Со користење на овој систем на сува градба, исто така добивате подобра топлинска изолација, со што на подолг рок штедите средства за греење и ладење на просторот. Ова е само еден дел, зошто би го користеле системот на сува градба со гипс картон. Постојат и ред други причини како што се: меѓу најважните, намалена тежина на градбата со што се добива подобра статичка и сеизмички исправна градба, брза и поевтина градба, можности за изведба на најразлични ентериерни решенија итн.


__________________________________________________________________________________________________

Дали го пронајдовте Вашиот одговор?

Ако не го пронајдовте одговорот на Вашето прашање испратете ни порака и нашата техничка служба ќе Ви одговори.