нпп / почетна
 
Лоцирани на обиколницата на
Скопје (излез с. Мирковци),
на еднакво растојание од Цен-
тар, Автокоманда и Ѓорче Пет-
ров, ФОРМИНГ станува синоним
во областа на производството, продажбата и монтажата на елементи за сува градба.
 

Адреса: Кучевишка бара (до обиколница), Скопје

Моб: (075) 224 562
Тел: (02) 5210 125
Факс: (02) 3133202

E-mail: info@forming.mk
Web: forming.mk

Битен елемент на кој што му даваме големо внимание при изведбата на сува градба е прецизноста, не само на изведените, туку и на договорените работи, сигурноста на вработените при работата, квалитетот и сигурноста на изведените работи, квалитетот на вградените материјали, хигиената на просторот во кој се изведуваат работите, иновативноста во остварувањето на дизајнерските барања. Нашите монтажерски екипи се адекватно обучени за изведба на најкарактеристичните видови на изведби, проектирани од архитекти и проектанти за објекти од секаков карактер и вид. Имаме изведено најразновидни форми на дизајнерски решенија кои ги задоволуваат најпребирливите вкусови.

Во целиот процес на монтажа–изведба на сувата градба имаме воспоставено систем на контрола со точно дефинирани обврски и правила.

Во овој дел Ви прикажуваме само дел од изведбите изработени од наша страна:

САВА ТАБАК ОСИГУРУВАЊЕ-ДИРЕКЦИЈА
Изведба на преградни ѕидови со единечно и дупло обложување со исполна од изолација-стаклена волна, Спуштени плафони на стандардна висина и на висина од 4,7 м, скриени светла, Обложување на ѕид со поставување на парна брана и изолација од стаклена волна, Обложување на столбови и греди, Изолација на канализациски цевки, огноотпорен спуштен плафон, Опшивање на канали, Плафон од водоотпорен гипс картон, Опшивање на вградни казанчиња за тоалет со водоотпорен гипс картон, Изведба на паравани со носечка конструкција за полици, Опшивање на отвори за хидрантска мрежа.
види галерија ...

ИНДИВИДУАЛЕН СТАН-ПОТКРОВЈЕ ПОЗАДИ ОБЈЕКТОТ НА ВЛАДА НА Р. МАКЕДОНИЈА
Спуштен плафон на поткровје со поставување на изолационен материјал-камена волна, како и парна брана, Преградни ѕидови со дупла облога од гипс картонски плочи со поставување на изолација од стиропор и стаклена волна, Опшивање на канали, оџак, метални и бетонски греди, Опшивање на плафонски прозори, Спуштен плафон со водоотпорен гипс картон со поставување на парна брана и изолација од камена волна.
види галерија ...

ИНДИВИДУАЛНА КУЌА ВО С. ЦРЕШЕВО-СКОПЈЕ
Спуштен плафон од гипс картонски плочи на подконструкција од профили и изолација на истиот со стаклена волна, Опшивање на PVC прозори.
види галерија ...

ИНДИВИДУАЛНА КУЌА-ПОТКРОВЈЕ СО КОС КРОВ ВО НАСЕЛБА ВОЛКОВО
Спуштен плафон од гипс картон со поставување на изолација од стаклена волна, Опшивање на бетонски греди со гипс картон табли на подконструкција од профили, Опшивање на оџак со огноотпорен гипс картон.
види галерија ...

ИНДИВИДУЛНА КУЌА-ПОТКРОВЈЕ КАЈ КАТОЛИЧКА ЦРКВА
Изолација на плафонски делови со поставување на стиропор и стаклена волна, Спуштен плафон од гипс картонски плочи на подконструкција од профили, Преграден ѕид со единечно и дупло обложување со гипс картонски плочи, Скриено светло, Апликација на шанк, Спуштен плафон од водоотпорен гипс картон, Опшивање на баџи со гипс картонски табли.
види галерија ...

ПРОДАЖЕН САЛОН КАЈ НОВА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА
Изведба на опшивки од гипс картон на разни инсталации (одводни цевки, водоводни цевки, кабли), Плафон од гипс картон на метална конструкција, Плафон од водоотпорен гипс картон.
види галерија ...

ИНДИВИДУАЛЕН ОБЈЕКТ ВО НАСЕЛБА ШУТО ОРИЗАРИ
Иведба на спуштен плафон и полукружен спуштен плафон од гипс картон.
види галерија ...

КЛУБ НА ПРАТЕНИЦИ
Изведба на спуштен плафон, облога на ѕид, каскади, скриено светло, опшивки на прозори и врати, преградни ѕидови.
види галерија ...

МАГАЦИНСКИ ПРОСТОР
Изолација на поткровје од стаклена волна, камена волна, стиропор на метална конструкција, Спуштен плафон од гипс картонски плочи на подконструкција од профили, Преграден ѕид со изолација од стаклена волна, Скриено светло, Апликација на облога и на плафон-лого на фирма.
види галерија ...

ХОТЕЛ ВО НАСЕЛБА КОЗЛЕ
Спуштен плафон, скриено светло, каскади, преграден ѕид, опшивки на прозори, поставување на изолација од стаклена волна, паропропусна фолија.

види галерија ...

СУПЕРМАРКЕТ НА ЖИТО ПОЛОГ
види галерија ...

ПИРАМИДА ИНЖЕНЕРИНГ
види галерија ...

ЛОТУС- Преграден ѕид од гипс картонски плочи со поставување на изолација од стаклена волна.

ЈНУ-ИНСТИТУТ ЗА ДУХОВНО И КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО НА АЛБАНЦИТЕ- Преграден ѕид од гипс картонски плочи со поставување на изолација од стаклена волна.

како и многу други.