нпп / почетна
 
Лоцирани на обиколницата на
Скопје (излез с. Мирковци),
на еднакво растојание од Цен-
тар, Автокоманда и Ѓорче Пет-
ров, ФОРМИНГ станува синоним
во областа на производството, продажбата и монтажата на елементи за сува градба.
 

Адреса: Кучевишка бара (до обиколница), Скопје

Моб: (075) 224 562
Тел: (02) 5210 125
Факс: (02) 3133202

E-mail: info@forming.mk
Web: forming.mk



ПРОИЗВОДИ | Гипс - Ригипс


Од реномираната компанија РИГИПС Ви ги нудиме сите нивни производи, за кои што повеќе информации ќе добиете од нивната интернет страница (www.rigips.com) како и од каталозите кои што можете да ги симнете и од нашата интернет страница. Секако во секој момент Ви стоиме на располагање за подетални информации за целата производна програма на Ригипс, која секојдневно се развива и шири.





Како стандардни производи од нивната богата палета Ви ги издвојуваме:


Гипс картон табли со дебелина од 9,5 мм и 12,5 мм, кои може да ги имаат следниве димензии 1200 мм х 2000 мм, како и 1200 мм х 2600 мм.




Исто така во нашиот магацин можете да ги најдете и водоотпорните и огноотпорните гипс картон табли со димензии 12,5 мм х 1200 мм х 2000 мм.
По нарачка може да се изврши испорака на специјални гипс картон табли како што се таблите за заштита од радијација, табли за термална изолација, гипс картон табли за надворешна употреба - хидропанели, табли за звучна изолација, флексибилни и тенки плочи итн.




Ниту една градба по сува постапка не може да се изведе без завртките за гипс картон: 212/25 мм, 212/35 мм, 212/45 мм, 212/55 мм, како и ударните завртки со типла 6/40 мм.








Завршен производ кој што се вградува во секоја сува градба се бандаж лентата и пополнувачот за споеви-Fugen filler SUPER и лепакот за гипс картон Rifix.












Други производи кои по нарачка можат да бидат испорачани се:

Ригипсовиот готов малтер и глет маса, Ригипс носачите на елементи за тоалет, Стаклени врати, носач за вградна шибер врата, Ригипсовите ревизиони отвори, Ригипсовите носачи за кабли, акустични перфорирани табли, цел потребен алат за сува градба, електрични дозни за гипс картон табли и други производи.