нпп / почетна
 
Лоцирани на обиколницата на
Скопје (излез с. Мирковци),
на еднакво растојание од Цен-
тар, Автокоманда и Ѓорче Пет-
ров, ФОРМИНГ станува синоним
во областа на производството, продажбата и монтажата на елементи за сува градба.
 

Адреса: Кучевишка бара (до обиколница), Скопје

Моб: (075) 224 562
Тел: (02) 5210 125
Факс: (02) 3133202

E-mail: info@forming.mk
Web: forming.mk

Во нашиот производствен погон ги произведуваме поцинкуваните профили наменети за изведби на сува градба која што нема носечки оптеретувања, како што се внатрешните ѕидови, спуштените плафони, облогите на ѕидовите, гредите, столбовите како и многу други украсни ентериерни детали, апликации и дизајни. Моментално ги произведуваме стандардните профили: UD 27/28/27, CD 27/60/27, CW 50/75/50, CW 50/50/50, CW 50/100/50, UW 40/50/40, UW 40/75/40, UW 40/100/40, а во блиска иднина оваа палета на производи планираме да ја збогатиме со многу други поцинкувани профили кои имаат примена во најразлични области.

Покрај производите од наше сопствено производство, Ви ги нудиме и сите артикли потребни за изведба на сува градба од најразличен вид и намена. Од производната палета на РИГИПС-Rigips SAINT-GOBAIN, во секој момент можете да ги најдете основните артикли- гипс картонски плочи со димензии 12,5 мм х 1200 мм х 2000 мм, 12,5 мм х 1200 мм х 2600 мм, 9,5 мм х 1200 мм х 2000 мм, водоотпорните гипс картонски плочи со димензии 12,5 мм х 1200 мм х 2000 мм, завртки за гипс картон 212/25 мм, 212/35 мм, ударна завртка со типла 6/40 мм, пополнувач за споеви-фуген филлер, лепак за гипс картон-Рифих, бандаж лента, држачи за CD профили, а сите други артикли кои имаат примена во специфични области на сувата градба ги увезуваме по потреба и нарачка.

Исто така во нашиот магацин во секој момент можете да се снабдите со изолационен материјал стаклена волна произведена од УРСА или стиропор од УСЈЕПОР.

Детали околу сите артикли можете да најдете во подменијата на нашата интернет страница.