нпп / почетна
 
Лоцирани на обиколницата на
Скопје (излез с. Мирковци),
на еднакво растојание од Цен-
тар, Автокоманда и Ѓорче Пет-
ров, ФОРМИНГ станува синоним
во областа на производството, продажбата и монтажата на елементи за сува градба.
 

Адреса: Кучевишка бара (до обиколница), Скопје

Моб: (075) 224 562
Тел: (02) 5210 125
Факс: (02) 3133202

E-mail: info@forming.mk
Web: forming.mk
Лоцирани на обиколницата на Скопје (излез с. Мирковци), на еднакво растојание од Центар, Автокоманда и Ѓорче Петров, ФОРМИНГ станува синоним во областа на производството, продажбата и монтажата на елементи за сува градба.

ФОРМИНГ инвестира во нови технологии, развива кадар со перманентни обуки за да овозможи сервис кој што е современ и сервис кој што ќе ги опслужи сите потреби на коминтентите и градбите од најразновиден карактер.

Работењето заедно со архитекти, дизајнери, изведувачи, монтажери, образовни институции, значи непрекинато иновирање на производите и услугите.

Благодарение на љубовта, посветеноста, искуството и вештината, ФОРМИНГ е стратешки партнер кој овозможува персонални, сигурни и системски решенија за индивидуалните потрошувачи, монтажерите и изведбата на сува градба од најразновиден карактер.

Наша мисија е да станеме снабдувачи на поцинкувани профили за гипс картон на сите поголеми дистрибутери на Балканот и пошироко, како и дистрибуција на производите од Ригипс во цела Македонија. Воедно работиме и на проширување на нашата производна програма со профили од поцинкуван лим за други намени и индустрии.
 
Нашата компанија е еколошки ориентирана и секојдневно се грижиме за еколошкиот аспект при производството. Производната линија користи минимално количество на електрична енергија. За цел имаме целокупната електрична енергија потрошена во нашата компанија да биде еколошки произведена со користење на соларната и еолската енергија.

Исто така ние водиме грижа да создаваме што помал индустриски отпад, кој во нашиот случај е поцинкуван лим кој што грижливо се складира и потоа се носи на рециклирање.

Во нашето производство на секоја втора година се појавува потреба на исфрлање на минимално количество на масло (100 кг) кое што исто така се складира и се носи на соодветни депонии. При работата се трудиме да користиме што помалку хартија и се стремиме кон целокупната комуникација со другите компании да ја водиме преку електронска пошта. Исто така создадениот отпад од хартија се складира и се носи на рециклирање.






Дел од обуките и презентациите кои ФОРМИНГ ДООЕЛ ги изведува за своите коминтенти и за своите вработени.
види галерија ...